понеделник, 7 јули 2008

Ѓорѓија М. Пулевски


На Балканскиот Полуостров од старо време живееле осумнаесет словенски и дванаесет несловенски племиња.

Меѓу нив се и Македонците, односно Мијаците, потоа Брсјаците, Шопите, Мариовците, Јеновците и другите, но и несловенските Тоски, Арнаути, Грци, Ерменци, Арапи, Курди, Куцо-Власи и уште некои други.

Ова го наведува познатиот македонски преродбеник Ѓорѓија Пулевски во неговата книга „Славјанско - маќедонска општа историја“, издадена во 1893 година, а објавена во Македонија 2006 год. од МАНУ.

Книгата содржи повеќе од 1.000 страници, а во себе носи досега необјавен материјал, кој според многумина историчари кај нас, може од корен да ги промени македонските историски читанки, во однос на потеклото на Македонците, на македонскиот јазик и народите кои живееле во овој дел на Балканот.

Во единаесеттата глава на ова обемно дело, Ѓорѓија Пулевски, галички ѕидар, војник и самоук историчар, дава податоци за старите славјански племиња и за регионите каде тие живееле, „за да си знајат секој народност кога и от коде је дојден во Полостроф“.

Според него античките Македонци се Славјани, чии потомци се денешните Македонци, односно Мијаци!

Во „Историјата“ тој најнапред ги наведува словенските „соеви“ на Балканот:

Јеновците,
Торлаците,
Брсјаците,
Мијаците,
Бондарците,
Мариовците,
Кардалинците,
Ајраните,
Врбаците,
Пчинците,
Улуфите,
Свеневците,
Чолаците,
Челјанците,
Задгорците,
Шумадинците,
Црните Шопи и
Белите Шопи.

Пулевски ги наведува и несловенските племиња:
Арнаутите,
Тоските,
Куцо-Власите,
Грците,
Јуруците,
Ерменците,
Арапите,
Курдите,
Евреите,
Еѓупците,
Татарите и
Гагаузите.

Тој се задржува детално кај сите нив.

Пулевски е убеден дека Мијаците се старите македонски Словени, народот на Александар Македонски и негова гарда и оти Мијак е кратка форма за - Македонец.

„Мијаци - кусо речено, Македонци - продолжено речено. Мијак значит бистар ум, хора бистроумни, оште Македонци“, пишува тој.

Мијаците, додава Пулевски, живеат во регионот на Долна и Горна Река, горни Дебарски округ и Кичевски округ, а иселени Мијаци има и во
Смилево,
Битолско,
Крушевско,
Папрадишта,
Орашје и во
Бабунската околија.
Галичанецот Пулевски смета дека Брсјаците се викале така зашто биле брзата коњаница на Александар Велики.

„За брсјачко место им је Кичева, Порече, Деборца Охридска, Издеглавска околина, Белички реки...“

Црните Шопи се викале така зашто црни одежди носеле, а еднакви биле со Белите Шопи. Првите живееле во околината на Ќустендил, Струма, Саса, Банско, Кресна, Дупничката околина и Горна Џумаја.

Белите Шопи живееле во околината на Софија, Банско, Ниш, Морава, Самоков и Ихтиман.

Денешните Албанци Пулевски ги дели на две групи:
Арнаути и Тоски.

Според него, Арнаутите се потомци на Траките, а Тоските на Фокитите.

Арнаутите меѓу себе со Тоските се нарекувале Шкиптари.

Првите живееле најнапред во Тракија (просторот меѓу денешна Грција, Бугарија и Турција), за подоцна римскиот император Трајан да ги премести кон Јонско Море.

„Кесар Трајан римски като царувал, тики, заради дружението им со Уните Траките ги кренал от Тракија и ги заселил во Музекија, близу до Тоскине. Арнаутското старо име им било Траки“, напишал Пулевски.

Тоските, според галичкиот историчар, живееле во околината на Корча, Старова, Јанина, Берат, Епир, Елбасан, Музекиското поле, а ги имало во атинскиот округ.

За Грците, Ѓорѓија ни предава дека така се викаат по името Горци (гора - шума), а и Турците ги нарекувале Кара Качанлар (шумски бегалци).

„Ама Грци народно име немајет, токо сами меѓу них си се велет Уруми (Римјани), ама по историја Грцине ги познаваме за Еѓупци (Египќани), а не за Јевропејци“, напишал Пулевски, кој нив ги лоцира во Елада и во Пелопонез.

Ѓорѓија Пулевски починал во крајна сиромаштија во 1893 година во Софија, неколку месеци откако го завршил ракописот на ова значајно дело.

Инаку, Бугарите ги запалуваат скоро сите изданија на Македонската историја (исто како и „За Македонцките работи“, освен неколкуте чувани по Галичник и оригиналот, пронајден кај Галичани, роднини на Пулевски.


ЃОРЃИ ПУЛЕВСКИ, РЕЧНИК ОД ТРИ ЈАЗИКА (Извод)*

1875 г.
С Македонски
Пи.
А славјанскијод јазик аљи је секаде еднаков, иљи не, кажи ми со ред?
Од.
Славјанскијод јазик имал пет разљики.
Пи.
Који се тије разљики, кажи ми со ред?
Од.
Тије се руски, хрватски, бошњачки, бугарски и македонски.
Пи.
Који јазици с наљик еден со другијод од напред речените?
Од.
Рускијод и бугарскијод наибљизу се.
А хрватскијод и бошњачкијод и македонскијод наибљизу се.
Пи.
А македонскијод јазик, кога је бљизу со бошњачкијод, зашто се именувад с. македонски?
-Дека с македонскијод јазик је најсроден со церквенославјанските књиги, и тоа је старославјенски.
ИИ.
Одг.
Народ се вељид људи који е од еден род и кои зборувајед еднаков збор,
и који живунајед и се другарад еден со други,
и који имајед јаднакви обичаји и песни и весеља;
тије људите ји викајд народ,
а место во које живувад народ се вељид отечество од тои народ.
Така и Македонциве се народ и местово њивно је Македонија.
Пи.
Што требувад за да се управувад и да се крепид еден народ?
Од.
Треба да имајед цар и управљеније царско.


ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ, РЕВОЛУЦИОНЕР И КНИЖЕВНИК
Првата историја за Македонците ја напишал самоук ѕидар

„Славјанско-маќедонска општа историја“ е ракопис со најголем број страници на македонски јазик до ослободувањето „Славјанско-маќедонската општа историја“, напишана од самоукиот ѕидар и културно-национален преродбеник Ѓорѓија Пулевски, утре ќе биде првпат промовирана во неговиот роден Галичник. Академикот Блаже Ристовски обемниот ракопис со над 1.700 страници го нашол пред повеќе од 40 години во ракописниот оддел во Народната библиотека во Софија. Таму се наоѓала и „Јазичницата“, што се уште не и е во целост позната на научната јавност, во која на 500 страници Пулевски пишува за особеностите на македонскиот јазик.

Пишувана од 1865 до 1892 година, „Славјанско-маќедонската општа историја“ е првата историја на Македонија и на Македонците воопшто, напишана од Македонец и на македонски јазик и претставува најобемно досега познато дело на современ македонски јазик си до 1944 година.

Целосниот микрофилмуван ракопис на „Славјанско-маќедонската општа историја“ Ристовски го добил дури во 1992 година, а од печат излезе лани, во издание на Македонската академија на науките и уметностите во едицијата на Фондацијата „Трифун Костовски“.

Делото е поставено врз научни основи, бидејќи Пулевски сепак бил добро информиран и коректно користи повеќе од 50 извори.

Методолошки тоа е сосем современа книга.

Таа е напишана на современ македонски јазик, со оригинален правопис и со вонредно интересна и значајна лексика за апстрактните и научните поими. Со сето тоа таа е значаен извор и за проучувања од нашите јазичари, историчари, лингвисти, етнографи и истражувачи на нашата национално-политичка историја. Всушност, тие 1.700 страници се најзначајниот тестамент на Пулевски за својот народ и својата земја - вели академикот Ристовски.

Во „Славјанско-маќедонската општа историја“ е опфатен периодот од создавањето на светот па си до неговото време. Историјата завршува со настаните што се случиле во 1892 година. Таа ги содржи сите клучни моменти од националната, политичката и културната историја на Македонија.

Посебно се интересни неговите пишувања за Охридската архиепископија и за државата на кралевите Волкашин и Марко како последни суверени на Македонија. Особено значаен за нас е прегледот на 19 век, каде што како сведок или соучесник ги опфатил македонските востанија и востанијата на соседните народи за ослободување од Турците и војните на големите европски држави со Турција. Во поголем дел од овие востанија и борби учествувал и самиот тој, бидејќи Пулевски уште од 40-тите години на 19 век бил активен во револуционерните движења - објаснува Ристовски.


За Ѓорѓија Пулевски, академикот Ристовски вели:

Самоукиот галички ѕидар и печалбар, еден од првите комити и револуционери, војвода и поет, учебникар, фолклорист и етнограф, лексикограф, граматичар, историчар и културно-национален идеолог е еден од најголемите македонски преродбеници од 19 век.

Ѓорѓија Пулевски починал на 13 февруари 1893 година во Софија во голема беда зашто, и покрај неговата голема револуционерна и културно-национална дејност, властите во Бугарија не наоѓале интерес да го вработат.

Најпосле, непосредно пред смртта, добил скромна пензија.

Инаку, за својата храброст и пожртвуваност во Руско-турската војна, Пулевски бил одликуван со орден и награден со сабја од рускиот цар.


Ѓорѓија М. Пулевски, 185 години од раѓањето и 110 години од смртта
Јасен културен и политички концеп за Македонија

Годинава се одбележуваат годишнините на голем број значајни настани од македонската историја. Па сепак, треба посебно да се додаде уште еден и тоа двоен и еднакво значаен повод. Имено, пред 185 години е роден, а на 13 февруари 1893 година, точно пред 110 година е починат еден од клучните ликови во македонската историја и култура од XIX век. Тоа е македонскиот комита, револуционер и културно-национален деец - Ѓорѓија М. Пулевски. Тој живееше и дејствуваше во бурниот период на значајни историски процеси, настани и личности, кои одиграа пресудна улога во формирањето и развитокот на македонската национална свест.

За годината на раѓањето на Мијакот Пулевски се уште нема прецизен датум, иако постојат разни информации за него од современиците. До скоро беше наведувана главно годината 1838. Со пронаоѓањето на некои нови документи, оваа година стана спорна.

четврток, 3 јули 2008

ХУНЗИ




ИНТЕРВЈУ со Проф. д-р ИЛИЈА ЧАШУЛЕ...




-Господине Чашуле, веќе долго време во нашата јавност предизвикува особено внимание прашањето за поврзаноста на припадниците на бурушаскиот народ, попознати како Хунзи, со Македонците. Вие неодамна престојувавте кај Хунзите во Пакистан. До каков заклучок дојдовте со проучувањето на нивното потекло и специфичност?

ЧАШУЛЕ: Балканистиката и македонистиката се мојата главна научна преокупација, исто како и старите балкански јазици, посебно бригискиот кој се зборувал во Македонија, Бригите како народ кои се наши предци, синтаксата на новите балкански јазици и етимологијата. Неодамна престојував кај бурушаскиот народ во Хунза, Нагар и Јасин во Северозападен Пакистан, каде најдов потврда за моите повеќегодишни испитувања во разјаснувањето на енигмата на бурушаскиот јазик.
Тоа беше чувство како да имав пронајдено некој изгубен роднина. Неверојатна е сличноста на луѓето од Хунза со македонскиот народ и другите балкански народи, со оглед на нивниот јазик, култура, традиции, фолклор, носии, копаничарство, музика, физиономија. По 12 години интензивна работа првпат отидов во Хунза, иако за бурушаскиот јазик има многу пишани материјали, па можев да истражувам и без да одам таму. Бурушаскиот јазик го привлекува вниманието, бидејќи се водеше за изолат, т.е. за јазик кој не е сроден со ниту еден друг јазик на светот.

-Со години наназад го проучувате бурушаскиот јазик. Зошто тој ја привлече Вашата научна преокупираност? Дали неговата енигматичност? Дали тоа беше причината поради која ги правевте истражувањата?

ЧАШУЛЕ: Со својата досегашна научно-истражувачка дејност и објавените статии и книги јас сум на пат да докажам дека бурушаскиот јазик е сроден со јазикот (јазиците) што се зборувале на Балканот пред доаѓањето на Словените. Мојата решеност да го истражувам бурушаскиот народ во Хунза, во Пакистан, тргнува од сознанието дека таму живеат луѓе кои во своите преданија велат дека се потомци на Александар Македонски. На предизвикот не можев да му одолеам. Претходно собирав материјали за овој народ и јазик кој со својата специфика ја привлекувал научната јавност. Го споредував јазикот со оној на старите балкански народи. Го споредував со бригискиот јазик кој се зборувал во централна Македонија. Јадрото на бригискиот народ било во Македонија (токму во денешната наша Мијачија, Галичник, Лазарополе, Прилеп, Битола, Скопје итн.), иако се простирало и многу пошироко. Самото име кажува дека биле планински народ, што е слична приказна со луѓето од Хунза кои исто така ја врзувале секогаш својата живејачка со планинските предели. Тој јазик, бригискиот, за нас Македонците е од извонредно значење. Дел од Бригите од Македонија се преселиле во Мала Азија во 13 век пред нашата ера и тоа во Анадолија, поточно во регионот на Западна Турција, во пределите западно од денешна Анкара. Тие таму биле познати според елинскиот изговор на нивното име, т.е. како Фриги. Под ова име се познати и во светската лингвистика, сеедно што изворно името им е Бриги. За нас од старите балкански јазици блискосродствени со бригискиот се интересни и пајонскиот за кој се смета дека се зборувал во Југоисточна Македонија и тракискиот (главно во денешна Бугарија, Романија и делови од Мала Азија). Старомакедонскиот јазик, исто така, е многу близок со бригискиот, иако како непосреден сосед на старогрчкиот бил изложен на влијание од овој јазик.
Интересно е да се знае дека, на пример, името на Скопје, на Вардар, на Шар Планина, а според некои ономастичари и на Битола, па и на Штип и на Брегалница и слично се по секоја веројатност бригиски. Историјата на Македонија, и старата и новата и средновековната, беше присвојувана и потиснувана под дебели слоеви од лаги што беше можно поради оскудноста на материјалите од древните балкански јазици. Со откритието на сродноста на бурушаскиот јазик со бригискиот, во моите најнови статии јас докажувам дека тој е, всушност, директен наследник на бригискиот јазик, по однос на сличноста нешто како соодносот меѓу, на пример, новоанглискиот и средноанглискиот. Тие се меѓусебно разбирливи. Тоа блиско сродство е од огромно значење за балканистиката.

-Сметате ли дека некои бригиски зборови и денес ги има во современиот македонски јазик? За читателите би било интересно и да посочиме конкретни примери.

ЧАШУЛЕ: Дел од моето проучување е докажувањето на врската меѓу македонскиот јазик и бригискиот јазик која е многу блиска. Според мене, некои бригиски зборови се сочувани во современиот македонски јазик и по неколку илјади години. Тоа е случај со зборовите како глаголите бара, се вика, врне, вади, турне, урне, .рга, гази, брка и други или како именките шака, гурелка, бара, чука, легуш, прилогот оломнани, частицата ле, суфиксот -мина кај бројните именки, како на пр. петмина и слично.
Мојот заклучок и наодите се засновани врз макотрпна научна работа и неговото докажување опфаќа повеќе од 200 страници објавени статии во најугледните светски списанија од областа на индоевропеистиката. Според моите проучувања, дел од Бригите (кои го славеле култот на мајката божица и божица на убавината Кубела или Кубаба - оттаму и македонскиот збор убав) се преселиле од Македонија пред повеќе од три илјади години во Мала Азија, а подоцна (во 5 - 6 век од нашата ера) најверојатно преку Ерменија, Иран и Авганистан нашле уточиште околу 10 век во Хунза.


-Уште еднаш да потенцираме за епохалното откритие кое произлезе од Вашиот престој кај бурушаскиот народ и какви можности отвора тоа?

ЧАШУЛЕ: Нивниот јазик, ќе повторам, е директен наследник на јазикот што се зборувал на територијата на Македонија. Ова откритие отвора огромни можности во научните истражувања. Врските меѓу бригискиот јазик што се зборувал кај нас и оној во Мала Азија и бурушаскиот јазик, според моите јазични проучувања, се докажани и цврсти. Врските се толку фасцинантни што јас кога отидов во Хунза на моменти мислев дека сум во Македонија. Наоѓаме вчудовидувачки паралели со населението што живеело и живее во Македонија.

-Во своите досега светски признати и еминентни дела Вие ја докажувате врската меѓу бурушаскиот и бригискиот јазик. На кој начин се темелат доказите? Каква е постапката за да добиеме еден "корпус деликти"?

ЧАШУЛЕ: Најважно во моите статии е тоа што сите заклучоци се засноваат на системски закономерности, според најстрогите критериуми што ги поставуваат пред ваквите истражувања индоевропеистиката и балканистиката. Ако сакате да докажете дека има некој системски сооднос, Вие мора да ги докажете и откриете не само фонетските закони, туку и граматичките закономерности и врски. Историската лингвистика и етимолошката наука се најтешките и најригорозните дисциплини во лингвистиката.

-Обично се вели дека на Балканот живее мешавина на повеќе народи. Не ретко се спори кои се староседелци, а кои дојденци. Што би кажале за потеклото на народите кои живеат на Балканот од лингвистичка гледна точка, односно од аспект на Вашата потесна специјалност, стручност и компетентност?

ЧАШУЛЕ: Сите обиди за делба на народите на Балканот претставуваат диверзија на големите сили за освојување на овој регион, што доведува до раздор, уништување и војни. Балканците, во основа се браќа, а она што се случува денес со уништувањето на Балканот е заслуга на странските сили.
Според мене, врските меѓу балканските народи се цврсти и иднината на Македонија и на целиот Балкан треба да се гради врз тоа заедничко видување на светот и да се најдат начини тоа проникнување да биде визија за иднината. Странските сили тоа не можат да го сфатат. Тие немаат ни елементарни познавања од суштината на Балканот кога сметаат дека само ако балканските народи се раскинат на парчиња и се поделат ќе може да се живее во мир. Напротив. Само ако се гради врз тоа заедништво кое се развивало повеќе од 4.000 години може да се успее.

-Според сите Ваши досегашни проучувања, до каков заклучок дојдовте за нашето потекло? Дали Македонците имаат директно врски со античките Македонци, барем кога јазикот е во прашање?

ЧАШУЛЕ: Македонија има извонредно политичко и геостратешко значење, бидејќи е вратата кон Европа и Азија. Иако сме мало парче земја, ние го држиме клучот и за Европа и за Азија, па и за Африка. Не случајно денес се кршат копјата чија ќе биде Македонија. За потеклото на македонскиот народ, произлегува дека ние имаме врска со Бригите и ним сродните антички Македонци и Пајонци (Мајонци) исто како и со Словените. Македонскиот јазик во својата јадрена лексика има слој на зборови што водат потекло од старомакедонскиот и од бригискиот и во таа смисла врските на македонскиот јазик со старите балкански јазици никој не може да ги негира. Овие сознанија отвораат можности за ново продлабочено толкување на нашата историја која ни беше крадена и поништувана, омаловажувана. Словенскиот слој секако не треба да се негира, туку да се гледа во една поширока рамка. Македонскиот јазик има врска со старите балкански јазици, бил и изложен во текот на историјата на влијанија од народниот, т.е. балкански латински и грчки, а подоцна со турскиот, но лексиката му е предоминантно словенска. Ние сме среќна и животворна спрега меѓу старото население и дојденците. Обидот Македонците да се гледаат само како чисти Словени или Славомакедонци од една страна е меѓу другото одраз на руската империјалистичка политика која сакала балканските народи, пред сé нашиот, да ги сведе на свои послушни синови и поданици и да ја спроведува својата хегемонистичка политика. Од друга страна, пак, западните "моќници" и сили настојувале да го прикажат македонскиот народ како неосвестена, безоблична маса која може да се обликува според потребите на денот. Затоа нашата историја не смее да почнува од доаѓањето на Словените, туку од најстарата историја. Ние не сме ниту чисти стари Македонци, ниту чисти стари Словени. Впрочем ниту еден народ на Балканот не е "чист", ако воопшто сакаме да го употребиме овој расистички термин.

-Што најново може да се очекува од Вашата истражувачко-научна дејност?

ЧАШУЛЕ: Подготвувам еден научен труд за врските меѓу албанскиот, влашкиот и балканските јазици воопшто со бурушаскиот јазик на лексички план, а друг труд ќе биде конкретно за соодносот со македонскиот современ јазик (со последнава тема ќе настапи на Балканистичкиот конгрес во Тирана, во април 2004 година). Исто така, работам на етимолошки речник на бурушаскиот јазик и на македонскиот јазик како и на ревизија на некои анализи на индоевропскиот материјал. Докажувањето дека бурушаскиот е еден од најархаичните индоевропски јазици фрла нова светлина и врз сите европски јазици. Овие сознанија, се чини, можат да предизвикааат вистинска бура во светската лингвистика. Заинтересираните можат и да ја прочитаат книгата "Основни бурушаски етимологии" што во 2001 година ја објави издавачката куќа ТРИ од Скопје и да дознаат нешто повеќе за оваа интересна но и сложена проблематика.



Разговорот го водеше:
Рената МАТЕСКА




Проф. д-р ИЛИЈА ЧАШУЛЕ, лингвист, истражувач, е роден 1957 година во Скопје. Факултетското образование, магистратурата и докторатот ги завршува во родниот град, на Катедрата за македонски јазик. На Филолошкиот факултет во Скопје предавал општа лингвистика осум години. Во 1987 година заминува во Австралија каде 13 години беше шеф на Катедрата за македонски јазик на Универзитетот "Маквори" во Сиднеј. Од 2000 година е професор на Катедрата по лингвистика каде предава теорија на јазик, историска лингвистика и историја на индоевропските јазици. Автор е на 6 книги и на повеќе од 90 статии објавени во истакнати европски и светски научни списанија.

Бурушаскиот јазик беше енигма. Многу научници, лингвисти се обиделе да го одгатнат. Илија Чашуле го најде клучот за мистеријата. Голем настан за балканистиката - сродноста на бурушаскиот и бригискиот јазик кој се зборувал во стариот век во Македонија и во Мала Азија.

БАКАРНАТА КНИГА




Александар Донски,
историчар-раскажувач:


Во Македонија се крие
најголемата тајна
на светот


Вашата најнова книга ја нарекуваат како македонска варијанта на “Кодот на Да Винчи”.
Романот “Тајната на Бакарната книга” не е историска книга. Тоа е трилер, мистерија, чија содржина е заснована врз автентични историски податоци. Оставам на самите читатели да заклучат што е вистина во нејзината содржина.

Кои историски настани се основа на Вашиот роман?
Овде е таинствената Бакарна книга, која и навистина постои и денес се чува во една приватна колекција. На нејзините страници се среќаваат неверојатни податоци, иако најголем дел од содржината се уште не може да се одгатне...

На пример?
На пример, на едно место во оваа Бакарна книга дословно пишува: “Антику Александро Басилео Бенедикту Богатство”, што значи: “Богатството на благословениот антички цар Александар”. Има и други тајни знаци, зборови и цртежи, кои асоцираат на тајни пораки и мапи од кои може да се претпостави дека и навистина се работи за некоја огромна тајна, сокриена во нашата држава.

Се се врти околу претпоставките за скришното донесување на телото на Алекандар Македонски во нашата земја, заедно со некакви тајни записи.
Јас само пренесувам познати историски податоци, а заклучокот го оставам на самите читатели. Римскиот историчар Дио Касиј во своето дело “Историја на Рим” јасно запишал дека римскиот цар Септимиј Север во 2 век, наредил телото на Александар Македонски (кое дотогаш се наоѓало во Александрија) да биде сокриено од јавноста, заедно со: “Книгите што содржеле тајни знаења со цел ни­кој во иднина да не може да го види телото на Алек­сандар, ниту пак да го прочита тоа што е напишано”. Каде било потоа однесено телото, до денес не се знае. Но, постојат неколку фра­пантни податоци. На пример, во 1979 година светски познатата јасновитка баба Ванѓа, по една своја визија, изјавува дека од Египет во (како што вели таа) “нашите земји” кришум било донесено телото на некој голем цар. Било носено во камен ковчег со караван од камили во придружба на робови. Во ковчегот биле сокриени тајни пораки пишувани со непознато писмо во кои биле опишани минатото и иднината на човештвото. Баба Ванѓа тврди дека ковчегот, заедно со тајните исписи, кришум бил закопан на непознато место, а потоа робовите сите до еден биле убиени за да нема сведоци на тој настан. Ова нејзино сведоштво е објавено во книгата за неа, напишана од нејзината внука, која е преведена и на македонски. Да потсетам дека баба Ванѓа беше родена струмичанка, а за нејзината дока­жана моќ за претскажување нема потреба од дополнителни објаснувања.
Постојат ли други интересни податоци?
Да. Нашата јавност не знае дека во 1989 година пратеник на Ватикан ја посетил Југославија и одржал таен состанок со дел од тогашниот политички врв на земјата. Недолго потоа, единиците на ЈНА стацио­нирани во Македонија, извршиле блокада на дел од планината Беласица. Дали тоа било поврзано со податоци донесени од Ватиканската библи­о­тека, тоа само можеме да претпоставуваме. Истата година тогашните југословенски разузнавачи известиле дека од страна на Грците бил направен обид кришум да се ископа тунел под Беласица од нивната страна на границата. Осум грчки работници загинале за време на копањето, по што проектот бил прекинат. Сите овие податоци ми ги кажа неодамнешен висок функ­ционер во МВР, сериозен човек, кој имал пристап кон тајните документи на поранешната југословенска служба за разузнавање.

И, која е вистината?
Вистината можеби може да се открие само преку Бакарната книга, која мислам дека нашата држава треба под итно да ја откупи од нејзиниот сопственик,кој е поддготвен да ја понуди на продажба. Ако испадне така како што укажуваат многу индиции, тоа може да биде најголемиот настан во поновата историја на Македонија, па и пошироко.
Во романот еден од главните ликови е капетанот Ангел Ивановски. Дали е тој вистинска личност? Дали навистина во неговото семејство се крие Бакарната книга?
Се разбира дека е, но починат е уште во 1983 година. Во романот се објавени документи за неговото апсење и престој на Голи Оток, како и фотографија од него. Со неговиот син Славе Ивановски сме другари уште од гимназиски денови. Тој и го спонзорираше овој роман. За сопственоста на Бакарната книга не можам да кажам ништо повеќе. Ако е паметна, државата ќе ја откупи и ќе ја претстави пред светот како археолошка реликвија со непроценлива вредност, а можееби нејзината содржина ќе доведе до неверојатни откритија.
К. Манев

КАЛАШИ


Калашите се мала (околу 3,000 до 6,000 луѓе) изолирана етничка група која живее во денешената северо-западна погранична провинција на Пакистан во регионот Хинду Kуш (35°44′09″N, 71°46′04″E). Калашите ја населуваат Долината Калаш поделена на три помали долини Рукму, Мумурет и Бири (Калашите ги именуваат и како Румбор, Бумборет и Бирир) по течението на реките Алингар, Печ, Ланда Син и Кунар, групирани во повеќе села Дрош, Свер, Калкатак, Беор, Ашурат, Јинират.
Името Калаши произлегува од зборот “кал“ и значи “Каливи“ или “луѓе кои живеат во кал“. Калашите кај соседите се познати под името “Кафири“. Народите со исламска вера кои живеат околу Калашите ги именуваат со тоа име, што во превод значи безбожници или неверници (на турски, “Каури“ ако ве асоцира на нешто?) поради нивното повеќе божство (политеизмот).
Потеклото на Калшите е енигма изгубена помеѓу легендите и историјата. Она што ја прави оваа етничка група уникатна, единствена и несвојствена за целиот овој поширок регион е пред се физичкиот изглед на Калашите (посветлиот тен на кожата, светлите, плави очи и светлата плава коса), старите пагански верувања, ритуали и богови, јазикот наречен Khalasha (форма на Индо-Европски јазик, различен од оние кои се говорат во околината), богатата култура и традиција, еповите, љубовните песни и идиомите кои демонстрираат во голема мера автентична мудрост и човечко искуство. Но најинтересно од се е нивното тврдење дека се директни потомци од војската на Александар Македонски (тие го викаат Александар Маќедон, Маќедониа) кој во својот освојувачки поход кон Индија 327 год. пред нашата ера, поминал и на оваа теритротија (според Плутарх и Аријан, Македонската војска стиганла до “Ниса“, денешен Кафиристан – територијата на Калшите) и на стратешките места основал населби и војнички стражарници (пунктови). Според старата легендата која се раскажувала меѓу Калашите со генерации наназад, Александар Македонски оставил дел од своите трупи во појасот на денешната долина Калаш со аманет да ја чуваат територијата до неговото повторно враќање од походот кон исток (битките во Индија) притоа да не ја менуваат својата култура, традиција и верувања. Калашите според многу денешни етнолози и историчари токму тоа и го сториле. Повеќе од 22 века, се до денес го зачувале својот стар архаичен начин на живот.
Калашите се политеисти кои веруваат во 12 богови и божици, и “Дзео“ богот креатор (“Ѕео“ или “Ѕе“ збор кој исто така на јазикот на Калашите означува и светлина, зрак). Она што е посебно интересно во врска со Калашкиот бог “Дзео“ (“Ѕе“) е поклопувањето со етимолошкото потекло на името на античкиот врховен бог “Зевс“(“Ѕевс“). Збор чиј корен повеќе лингвисти од земјава и од странство го пронаоѓеаат во Македонскиот јазик и го поврзуваат со зборот “Ѕе“(на пример, на малите деца кај нас им се вика “ѕе“ во смисол на “те гледам“, “види“) , кој и ден денес го има истото значење на “гледа“, “ѕирка“, “светлина“,(сончев) “зрак“.
Храмовите и специјалните ритуални места имаат посебно место и почит во секојдневниот живот на Калашите. Малош се викат местата кои се наоѓаат на периферијата од селата а на кои Калашите принесуваат жртва на боговите. Светите места (храмовите) каде Калашите ги одржуваат најважните ритуали поврзани со раѓањето, смртта и фестивалите, се нарекуваат Јастакан а се во форма на големи правоаголни простории декорирани со бисти со ликови на богови, скулптури и фигури на животни. Башали се нарекуваат специјалните живеалишта (куќи) во кои се испраќаат жените да живеат самнички (одделен) живот, за време на месечниот менструален циклус или за време на нивната бременоста. Периоди во кои Калашите веруваат дека жените треба да бидат сами без присуство на мажи за да се прочистат од злото. Овие куќи се сместни надвор од селата, веднаш покрај реките. Калашките гробишта се викаат Мадокјал а ритуалот на погребување се состои во ставање на телото на починтиот во дрвани сандак кој потоа се остава на камена плоча која го означува местото на починатиот, под отворено небо, без да се закопува. Овој обичај на погребување на мртвите има интересно поклопување со раскажувањето на Калашите и историските факти за кои говорат античките историчари. Имено, кога Александар Македонски поминал низ територијата на Калашите наишол на чудни дрвени кутии кои неговата војска ги употребила за огревно дрво. Тие дрвени кутии биле токму погребалните сандаци на Калашите кои тие и денденес ги употребуваат во погребните ритуали.Чарсу се викаат местата каде се собираат младите брачни двојки каде преку песна и танц (игра) ја прославуваат својата љубов.
Религијата на Калашите (оние кои не се преобратиле во исламот) се темели на митови и суеверија кои се поврзани со односот на човековата душа и универзумот и неизбежниот култ кон сонцето. Овој однос според Калашката митологија треба е да се манифестира преку музиката и танцот (играта) со кои се оддава почит и се задоволуваат боговите и божиците. На нивните фестивали музиката и танцот (пеењето и играњето) се изведуваат не од забава, туку како дел од религиозниот ритуал.
Калашите се неверојатно либерални во своите манири, за разлика од народите кои им се соседи. Така кај нив сосема е нормално и вообичаено да се пие вино, да се организираат селски гозби, да се одржуваат фестивали на танци (ора), слободно да се бира брачниот партнер (жените можат слободно да го одбираат својот маж), како и да се менува истиот во текот на животот.За разлика од нивните соседи Калашите не седат на земја туку во своите куќи користат маси и столови кои најчесто имаат на нив декорации со Македонското сонце како симбол кој често се користи и наоѓа во нивната култура..
Калашите имаат четири главни фестивали (ритуални манифестации) кои ги симбилизираат и одбележуваат годишните сезонски промени и позначајните моменти поврзани со обработката на земјата и одгледувањето на добиток. Четирите најзначајни фестивали на Калашите се “Јоши“ или “Чилимушт“; “Учал“; “Поо“ и “Чамас“ или “Читирмас“.
  • “Јоши“ или “Чилимушт“ е пролетниот фестивал кој се одржува секоја година од 13 до 16 Мај а со кој Калшите бараат благослов од боговите и божиците за сигурноста на стадата добиток и за богат род на посадените култури. За време на овој пролетен ритуал, се берат цвеќиња, се организираат игранки и се врши традиционална размена на млечни производи помеѓу домаќинствата на Калашите.

  • “Учал“ е летниот фестивал со кој се пречекува летната сезона и се слави со играње, пеење и голема гозба на која се дели вишокот од млечни производи а која трае 2 дена, од 18 до 21 Август. Славењето се одвива на летните пасишта и во полињата за да се научат младите на жетвата и бербата но и за да се одбележи нивниот почеток.

  • “По“ или “Пох“ или есенскиот фестивал се слави и е во чест на зреењето и бербата на грозјето и другото овошје (оревите), па затоа времето на одржување се повезува со времето на нивното зреење, околу средината на Октомври, секоја година. Пред овој фестивал, Калашите воопшто не го берат грозјето поради верувањето дека треба за тоа прво да добијат дозвола од богот на грозјето и виното. Исто така се одбележува и враќањето на стоката од летните пасишта.

  • “Чамас“ или “Четирмас“ се одржува помеѓу 8 и 21 Декември и претставува најважната ритуална манифестација со која се завршува сезоната и се прославуа и поздравува изгревањето на новото сонце. Ова е најбогат и најдолг фестивал за кој со многу помпа Калашите се подготвуваат. Така тие во пресрет на фестивалот припремаат нова облека (нови носии) за сите членови на фамилијата со што се верува дека со нова подобра среќа секој од нив ќе влезе во следната сезона (година) и со новата носија достојно ќе оддаде почит на изгревањето на “новото сонце“.


Покрај овие четири главни сезонски фестивали, Калашите имаат и повеќе други помали или споредни ритуални настани и обичаи: “Мрачиваки Јоши“, “Рот Нот“ или “Рат Нат“, “Учај“, “Печијаш“, “Бирамор“, “Сараик“, “Будалак“ и др.

  • “Рот Нот“ или “Рат Нат“, еден од споредните фестивали претставува традиционално собирање на младите девојки и момчиња на посебно место наречено “Брун“ или “Кракал“, каде тие преку песната и играта се обидуваат да си најдат партнери и да формираат љубовни парови. Овој обичај се повторува секој ден во период од два месеца (од 21 Јуни до 21 Август) се до почетокот на летниот фестивал “Учал“.

Промената на сезоните и времето за ритуалните манифестации исто како и во пра-историјата и антиката го утврдуваат спрема движењето на сонцето (сончевиот календар) преку блиското набљудување на читачите на небото (астрономите) кои имаат значајно место во Калашката митологија. Така, Клашките набљудувачи на небото на почетокот од секоја година, на 21 Декември, кога според нивната митологија и старо верување, се раѓа новото сонце, внимателно ги следат сончевите движења и промени. Овој сончев ритуал се сведува на нивното верување дека времето и начинот (стилот) на изгревањето на “новото сонце“ на овој ден значајно ќе влијае и ќе ги предодреди флората и фауната на земјата во следната година.
Поради големиот туристички интерес за зачуваната прастара култура на Калашите и напливот на туристи од целиот свет во долината на Калашите, на оваа кревка и уникатна култура и претстои опасност од губење на основните белези и потпаѓање под начинот на живот кој го наметнува западната технолошки напредна но културно сиромашна цивилизација. Она што никој со векови наназад не успеал да го асимилира и избрише како обележје на Калашите, денес постои голема опасност да го стори токму туризмот. Еве неколку изјави од Калашите:

  • "In the past we used to learn from elders and have no written history or learning," says Luke Rehmat - "We want to preserve our culture, but it is also very necessary to get a good education for all, including women."

  • “Tourists and aid workers pose another threat. The number of British visitors has dramatically increased since the Kalash featured last year on Michael Palin`s television series Himalaya“, according to Siraj ul-Mulk, a leading member of the community in nearby Chitral.

Но покрај туризмот тука е и опасноста од агресивната и подла политика на нашиот јужен сосед. Грција се обидува на сите начини да докаже па дури и по цена на претопување на Калашите во Грци. Но на овие обиди на Грчката влада и грчките невладини организации кои во “спасувачка“ мисија се присутни веќе со години меѓу Калашите наидуваат на отворен отпор од месното население кое сепак тврдокорно си се држи до своите прастари обичаи, имиња и говор. Грчката влада дури има финансирано и изградба на голема мултифункционална зграда во насока на ширење на грчкото влијание помеѓу Калшите и нивна тивка асимилација. Градбата е несвојствена за архитектурата на Калашите и изгледот на нивните села. Ваквата подла политика на Грчката влада е прочитана од дела од водачите на Клашите:

  • “They are building in a Greek way but I think thats not fair. They should build schools like Kalash way“ complains one of the Kalash leaders.

  • “The centre, which aims to provide everything from schooling to surgery, has reignited debate about how best to save the Kalash way of life. Some community leaders feel the Greek initiative is good-hearted, but wrong-headed. I dont blame them for wanting to help, but that help could damage us“, said Saifullah Jan in Rumbur valley. “There is too much interference. Our people are getting spoilt. They should just let us be.“

  • “Other visitors, like the Greeks, come offering development aid. But such projects have a mixed track record. Too much money, too fast, takes away the communitys responsibility to help itself. Now if the temple is broken, people just wait for it to be fixed instead of doing it themselves.“ said Akiko Wada, a Japanese woman who married a Kalash.

среда, 2 јули 2008

Георгија Кастриот Искендер


Интервју со д-р. Петар Поповски


Д-р Петар Поповски е историограф и проучувач на животот на Ѓерѓ Кастриоти - Скендербег, односно, како што тој го именува, Георгија Кастриот - Искендер. Поповски тврди дека тој херој и борец против Османлиите од средниот век не е Албанец, ами чистокрвен Мијак, Македонец, но и оти никоја институција во Македонија не се интересира за истражување на неговиот живот и потекло. Оваа година се одбележуваат 600 години од раѓањето на Кастриот. Нашиот соговорник побарал од градските власти на овој јунак да му се подигне споменик во центарот на Скопје и на него да се напише: Георгија Кастриот - Искендер, втор Александар Македонски. Неговите колеги-Албанци воопшто не сакаат да го прифатат тврдењето оти најголемиот херој на Албанија не бил Албанец, туку Мијак.


* Зошто ова што го тврдите за потеклото на Георгија Кастриот никој од нас не го учел во училиштата?


Македонската наука досега не беше во позиција да може да истражува, да ги продлабочува и афирмира резултатите од тие истражувачки зафати поради ропската положба. Во Титова Југославија можеше да се истражува, но не беше можно да се истражуваат настани и личности од историјата присвоени од некои други нации, членки на Федерацијата, без оглед на тоа што на нив полагала право некоја друга нација. Да го земеме за пример кралот Георгија Кастриот (1405-1468). Во негово време, предците на современите т. н. Албанци (Гегите), не биле присутни на просторите во Матија, денешна Албанија, а всушност, го сметаат за свој национален јунак. Денес може да се истражува на такви чувствителни теми, но поради владините коалиции со Гегите не може да се добијат средства за истражување или за печатење вакви научни трудови. Нема да претерам ако кажам дека кај владејачките кругови во Македонија од поодамна постои тенденција да се затапи, да се задуши македонската наука и научна мисла.


* Имате ли предвид дека ваквите тврдења ги допираат националните чувства на Албанците. Сигурно и ги навредуваат...


Тоа не се мои лични измислици и конструкции. Тоа се веродостојни аргументирани историски факти и сведоштва. Еднаш засекогаш вистината мора да излезе на видело и оние што се во заблуда таа вистина треба да ја примат мирно, без возбуда и емотивни чувства и потреси. Конечно треба да се види кој е и што е тој. Така подобро ќе се разбираме и почитуваме. Доста беа импровизации и лицемерства. Немам намера да навредувам ничии чувства. Тие, т.н. современи Албанци, во најголем дел и самите знаат дека Георгија не бил Курд - Гега. Имено, кога Георгија Кастриот - Искендер (Александар), тој средновековен витез и крал на македонскиот народ, би знаел дека еден ден ќе биде прогласен за Гего-Мирдит, за Курд-Арнаутин, сигурно би се превртел во сопствениот гроб! Би бил среќен кога моите тврдења би се демантирале аргументирано, со веродостојни и издржани факти и сведоштва.


* Наведете ми неколку научници што низ вековите пишувале за Георгија Кастриот како за кнез на Мијаците, односно на Македонците?


Прв што посведочува дека Георгија имал македонско (мијачко) потекло е италијанскиот писател од 16 век (1514 г.), Теодор Спандучи. По него се јавуваат цела една плејада еминентни научни работници со светски глас, меѓу кои: М. Цамиле Паганел, Дју Фрезна; Џорџ Гордон Бајрон, Муратори, Јулиус Писко, В. Макушев, Иричек, Јастребов, Селиштев, Иван Снегаров, Иширков, Тома Смиљаниќ, познатиот грчки историчар Папаригопуло и многу други. Сите тие го нарекуваат „роден Мијак“, односно „кнез на Мијаците“. Неговиот биограф и современик, бискупот Марино Барлетио, го нарекува „крал на Епир и на Македонија“. Во своето дело „Хисториа“ Спандучи на едно место вели: „...Георгија Кастриот бил толку многу заслужен што го ценеле и го почитувале не само неговите соплеменици - Мијаците, туку и сите други народи, та дури и Турците. Мајка му била Воислава, исто така, Словенка - Македонка, од неговиот род, ќерка на еден господар од Полог, кој претставува дел од Македонија...“, а потоа заклучува: „Мијаците и сите Словени по род, имаат многу причини што го слават и што пеат јуначки песни за Георгија Кастриот, бидејќи се борел за заштита на словенството, за христијанскиот крст и за чесната слобода, но и затоа што го носел најблагородното свето име во својот род - Георгија..!“.


* Може ли да ни кажете нешто за тие мијачки песни? Каде се собирани?


Една песна носи наслов „Сон сонила кралица Воислава“, друга е песната „Момче-ѕвезданарче“, потоа „Елегија за убавата Марија Андроника“, сопругата на Георгија и други. Сите нив ги собрал учителот од Лазарополе Аврам Жунгула во периодот помеѓу 1887 и 1891 година, а му ги испеале најграмотните жени во тоа време во малореканскиот предел. Наспроти Мијаците, Гегите (Албанците), кои Георгија го сметаат за свој национален јунак, не испеале ниту една строфа за неговото витештво и јунаштво.


* Сепак, Георгија Кастриот кај нас повеќе се доживува како албански национален херој.


Точно, но вистината е друга. До 1912 година, кога Англосаксонците на вештачки начин ја склепаа денешна Албанија, отцепувајќи ги Македонците од неговото матично ткиво, колонистите на тие простори - Тоските и Гегите (Албанците), не знаеја дека на територијата што ја колонизирале постоел некој голем витез и крал по име Георгија Кастриот. Оваа историска личност им ја прилепија неупатените англосаксонци. Тие, имено, направија два грева, не само спрема Георгија, туку и спрема македонскиот народ, бидејќи е негов син. Освен што им го прилепија, тие исто така му ја сменија и именската придавка од Искендер (Александар), во Скендер-бег, што претставува своевиден фалсификат. Георгија никогаш не бил ни Скендер, ни бег, ниту пак Гега (Курд), туку чистокрвен Македонец. Барлети во своето капитално дело зборува дека неговите борци не биле составени од Тоски и Геги, туку од Трибали и Бугари, што значи од Словени, односно од Македонци.


* Ова што го велите многу ми личи на ставовите на прогонетиот албански научник, академикот Каплан Ресули.


Токму така. Станува збор за истоветни научни сознанија, погледи и поставки. Каплан само ја потврди вистината за романтизмот врз кој се темели и се гради албанската наука и научна мисла и ништо повеќе.


* Велите оти Кастриот е дел од македонското мијачко племе. Како се нашле Мијаци во Албанија во средниот век?


Па, тие од најстаро време ја населувале територијата на Матија (Албанија). За тоа сведочи не само старомакедонската топографска номенклатура на тие простори, која и денес е во употреба, туку и сакралните споменици и карактеристичниот мијачки (охридско-галички) стил на архитектурата. Сите цркви и манастири, сета зографија е дело на Мијаците. Тоските и Гегите немаат ниту грам материјална култура во Албанија, што зборува за нивното отскорашно присуство на тие простори. Сите предмети што се пронајдени при археолошките истражувања во Матија, во илирските и во подоцнежните раносредновековни тумули и некрополи, а работено е речиси на 75 локации, во науката се именувани како „словенски фибули“, што значи дека на тие простори од најстари времиња живеел македонскиот словенски елемент. И уште еден многу важен податок. Имено, меѓу 60 и 65 насто од населението во Република Македонија што денес се декларира како албанско (гегско-арнаутско), е по род мијачко, прво исламизирано, а потоа за да може да опстане на своите древни простори од геноцидот што го спроведувале Гегите - се гегоизирало. Денес или утре таа популација ќе се свести, ќе се осознае себеси и ќе и се врати на нацијата на која и припаѓа - македонската.


* Споменувате дека имате подготвено книга од 1.300 страници каде што го докажувате македонското (мијачко) потекло на Георгија Кастриот.


Да. Книгата е подготвена за печат и останува да се обезбедат само средства за печатење. Освен биографскиот дел за кралот Георгија Кастриот и за војните што ги водел со Турците, ја опишувам историјата на територијата на Матија, за тоа - кој живеел на тие простори во праисторискиот период, во раниот и средниот век, по што ја обработувам етногенезата на династијата на Кастриотите за 12 колена наназад, почнувајќи од Јован Канински, како основач на родот Кастриот. Со него, на документиран начин се посведочува словенскиот карактер на оваа македонска средновековна кралска династија. Круна на таа студија претставува поглавјето на епските народни песни, испеани од неговите соплеменици Мијаците, кои со своето изострено уметничко чувство, вкус и опус, видно ќе ја збогатат македонската народна поезија во сферата на епското творештво.


* Кога ќе ја објавите?


Зависи кога ќе се обезбеди спонзор што ќе го финансира нејзиното печатење. Бидејќи се работи за исклучително значајна личност од историјата на македонскиот народ, за која годинава се навршуваат 600 години од раѓањето, се обратив и до премиерот господинот Владо Бучковски, со молба за покровителство. Но, до денес немам добиено никаков одговор од почитуваниот премиер, што значи дека нејзиното издавање во јубилејнава година е, сепак, неизвесно.


РАБОТАМ САМО СО ОРИГИНАЛНИ ДОКУМЕНТИ


* Врз какви докази ги темелите Вашите тврдења за мијачкото (словенско) потекло на Скендербег?


Исклучиво врз наративни, епиграфски и материјални извори, факти и сведоштва, врз оригинални архивски материјали од архивите во Венеција, Милано, Неапол, Рим, Виена, Дубровник, Задар, Будим, Истанбул и во многу други земји со кои Кралството Епир и Македонија одржувало дипломатски врски и односи. Секаков друг пристап, секакви импровизации и измислици се со краток век и спротивни на научната мисла и етика.


ИСТОРИЧАРИТЕ-АЛБАНЦИ СЕ РОМАНТИЧАРИ


* Очекувате дека вашите колеги историчари-Албанци ќе ги прифатат аргументите за словенското потекло на Кастриот?


Не. Во никој случај. Кон историјата тие гледаат со романтичарски очи. Отворете Интернет и ќе видите дека не само Македон, Филип и Александар Македонски, туку и сите римски и византиски императори, папите, античките историчари и философи и сите други прославени личности, ни повеќе ни помалку, тврдат оти се по потекло Гего-Мирдити (Курди, односно Арнаути). Овде јас зборувам само за Гегите, не и за Тоските (Шќиптарите). Покојниот Енвер Хоџа, Тоска по потекло, неколкупати ги повикуваше албанските научни работници „да се симнат од облаците, да ги остават Илирите настрана и да почнат да копаат по вистинските корења“, за, како што зборуваше тој, „албанската наука да биде ценета и почитувана во светот“. Но, тие не го послушаа.


Иван Блажевски

Каменот од РОЗЕТА



Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. Ова, велат истражувачите, потврдува дека античките Македонци биле писмени, што се коси со досегашни тврдења на светската наука.

Најпознатиот експонат во Британскиот музеј



Светски познатиот Камен од Розета, најпознатиот пишан артефакт од Египет, е најден во 1799 година во местото Розета (на египетски Ел Рашид) во Египет, при копање за изградба на фортификациски објекти од страна на француската војска во текот на египетската воена операција на Наполеон Бонапарта. Тогаш и Англичаните влегуваат во судир со француската војска и оваа краткотрајна војна завршува со потпишување примирје во Александрија во 1802 година и со пораз на француската војска. Во согласност со одредбите на ова примирје Каменот од Розета, заедно со сите други ископани артефакти, им припаднал на Англичаните, кои го пренесуваат во Англија и го сместуваат во Британскиот музеј во Лондон, каде што и денес е изложен како еден од најпознатите експонати. Во јули 2003 г. Египет бараше враќање на Каменот од Розета. Kопии од овој познат камен има речиси во сите европски музеи.
Изработен е од гранит со импозантни димензии: височина 1,44 метри, широчина 0,72 метри, дебелина 0,28 метри и тежина 762 килограми. Содржината на Каменот е всушност декрет на фараонот (царот) Птоломеј V Епифан Евхаристос по повод првата годишнина од неговото крунисување во 196 г.п.н.е. Напишан е од група свештеници во Египет, во чест на египетскиот фараон и наведена е листа на сите работи што тој ги направил, а биле добри за свештениците и за народот на Египет.
Во 1822 година францускиот научник Шамполион, врз основа на античкогрчкиот текст успеал да ги дешифрира хиероглифите. Со средното писмо светската наука сè уште има проблеми со читањето и разбирањето. Сега првпат е дешифриран и средниот текст, за кој Бошевски и Тентов тврдат дека е напишан на антички македонски јазик. Двајцата истражувачи тргнаа од претпоставката дека јазикот бил македонски, односно од балканскиот ареал. Основа за таков пристап е што со Египет владеела династијата Птоломеи (кои се антички Македонци, зашто основач на династијата е Птоломеј Сотер, генерал на Александар Македонски), така што античкомакедонскиот бил и државен јазик на Египет на кој се пишувале сите државни документи.
Според зборовите на академикот Бошевски, современата наука има прифатено неколку стојалишта – „античките Македонци биле неписмени, од нивниот јазик не останала запишана ниту една реченица, а камоли цел текст, и тоа доста голем, така што текстот на каменот од Розета е напишан на три писма со употреба на два јазика, по следниот редослед: хиероглифско на античко-египетски, демотско на античко-египетски и античко-грчко на античко-грчки. Нашите појдовни претпоставки беа дека е неприфатлива констатацијата дека на писмото и на јазикот на Античките Македонци не е сочувана ниту една осмислена реченица и според тоа сметавме дека текстот на каменот од Розета е напишан со употреба на три јазика, по следниот редослед: хиероглифско на античко-египетски, слогово на античко-македонски и буквено на античко-грчки".
До овие заклучоци е дојдено споредбено со основните карактеристики на пишувањето текстови во тој период. Така е заклучено дека нема интерпункциски знаци во денешна смисла, кај буквените писма постојат само големи букви и сè е напишано во една непрекината низа без употреба на празно место. Текстовите од каменот имаат свои карактеристики, кои авторите ги наведуваат: кај хиероглифскиот и „демотскиот“ текст насоката на пишување и читање е од десно на лево, додека кај античко-грчкиот текст насоката на пишување и читање е од лево на десно. Од карактеристиките на писмото на средниот текст од каменот, беа издвоени следниве: писмото е доминантно слогово со учество на мал број пиктографски знaци, слоговите се исклучиво од типот согласка-самогласка, постојат знаци за пишување на изолирани согласки и самогласки и покрај стандардното пишување на слоговите знаци еден до друг, тие се пишуваат и еден над или врз друг. Во текстот, исто така, се среќаваат имињата на два бога и тоа како во оригинал се изговарале на античко-египетски.
Во декретот се наведени местата каде да се постават камењата со текстот. Според преводот, во македонскиот текст Египќаните се запишани како Аѓупци, Македонците како Живи господари, а Грците како Данајци. Средниот текст е со вчудовидувачка сличност до идентичност со сегашните македонски говори и дијалекти, според приложените 167 зборови. Еве некои зборови: наше име, најнаше име, деца, децана, деца мои, божен, најбожен, господар, господари, же(и)во, бога, бога нашион, на нашево бога Sе (Светлина, Sевс?), на бога се деца, налеа (статуа налеана), надеж', тој, мој, мо (јас), мои, вои (вие), ј'ви (јави), б'де (да биде), најзе (нејзе), дивејеи (се диви, восхитува), ата (татко на старословенски) итн.
Писмото е слоговно од типот согласка-самогласка. Основните знаци (согласките) се наоѓаат во по 8 положби и, во зависност од позицијата, односно аголот под кој се наоѓаат, се чита слогот со изговор на самогласката, како еден вид јотација во старословенскиот јазик. Покрај согласките за првпат се предлага озвучување и на самогласките. Идентификувани и озвучени се 25 согласки и 8 самогласки, речиси половина од нив (12) согласки формираат слогови со сите 8 самогласки, додека останатите согласки со 4-5 самогласки. Исто така, идентификувани се 4 пиктографски знаци, карактеристична е употребата на лигатури со цел да се покрие зачестената употреба на предлогот „на“. Често се употребува и сврзникот „и“, а множина се прави со додавање на „и“ на крајот од зборот, како, впрочем, и денес. Со употреба на дефинираните правила за читање и озвучување идентификувани се над 160 зборови. Од сето ова произлегува дека средниот текст е дефинитивно напишан на писмото и јазикот на тогашните господари на Египет - Античките Македонци. Средниот текст, всушност, бил оригиналот од кој описно се преводите на старогрчки и на староегипетски. Македонскиот текст не се совпаѓа буквално со другите два текста.
- Незамисливо е дека народот што речиси 300 години владеел со целиот тогашен цивилизиран свет бил неписмен на својот јазик. Со ова наше истражување докажуваме дека имало писменост и го откриваме писмото и дел од јазикот - вели проф. Тентов.
- Во нашиот труд ние практично првпат комуницираме со античките Македонци, и тоа директно, а не преку посредници како што се Египќаните или други народи. Низ овој текст може да се проследи кои биле античките Македонци и како зборувале - вели академикот Бошевски.
Проектот „Дешифрирање на средниот текст на каменот на Розета" се одвивал под покровителство на МАНУ. Материјалот од истражувањето е веќе испратен до релевантни институции, кои се занимаваат со овој историски период, а коментарите, како што велат нашите научници, допрва се очекуваат, но со оглед на досегашниот став на современата наука веројатно ќе треба да се почека подолго време.
Книгата од истражувањето на Бошевски и Тентов „Прилози“ со темата „По трагите на писмото и јазикот на античките Македонци“ е промовирана во МАНУ на 29 јуни 2006.



Мексиканскиот археолог и лингвист Роберт Салинас Прајс, познат во светската наука по теоријата дека Хомеровата Троја се наоѓа по долината на реката Неретва, е воодушевен од истражувањето на македонските научници Томе Бошевски и Аристотел Тентов. На средбата на тројцата научници во Скопје, Салинас го оцени нивниот труд како исклучително ветувачки за современата наука.
- Темата е атрактивна за целата светска научна јавност. Денешните археологија и антропологија се производ на теории стари околу еден век. Тоа што го открија археолозите Шлиман и Пари беше големо освежување за разбирањето на нашето минато и историја, а нивните теории станаа дел од школските системи и од колективното цивилизациско поимање на нас самите. Но, разговорот за нивните теми веќе е потрошен и, вртејќи се во круг, станува банален. Со години во археологијата не се појавила нова идеја, која ќе го помести денешното поимање за редоследот на културите и цивилизациите. Теоријата на македонските научници е токму таква свежа крв каква што и е потребна на науката денес - изјави Салинас за „Време“.
Според него, книгата на Бошевски и на Тентов, насловена „По трагите на писмото и јазикот на античките Македонци“, би можела да стане еднакво провокативна и популарна како книгата на Салинас „Хомеровата слепа војска“ од 80-те години на минатиот век, во која тој ја приложува тезата дека реката Неретва е античката река Скаламандер крај која се водела познатата Тројанска војна, а легендарната Троја била на Балканот, а не во Мала Азија, како што е прифатено во науката.
- Не се сомневам дека Бошевски и Тентов откриле нешто големо. Деновиве првпат се запознавам со нивната теорија, но сè уште е рано да ја сместам во некаква историска перспектива. Ќе ја продолжам соработката со нив, ќе размислам за фактите и ќе го проучам нивниот труд. Имам многу прашања за кои сум љубопитен и сакам да им ги поставам. Тие многу напреднале во развивање на тезата, особено во нејзиниот лингвистички дел, во споредувањето на трите текста од Каменот во Розета, а тоа го прави нивниот труд извонреден. Среќен сум што сретнав луѓе што, како мене, работат на теории што ја менуваат усвоената слика за светот. Решавањето на вакви големи загатки е тежок процес, некогаш толку макотрпен што на моменти се чини дека ќе го загубите разумот - вели Прајс.
Средбата на Бошевски и на Тентов со Прајс ја организира белградската издавачка куќа „Пешиќ и синови“ чиј гостин беше мексиканскиот археолог. Овој српски издавач ориентиран кон објавување дела од областа на палеолингвистиката, археологијата и нови научни теории е заинтересиран за објавување на трудот на македонските научници во Србија.
По промовирањето на својот научен труд во МАНУ, Бошевски и Тентов продолжија со продлабочување на теоријата за етногенезата на античките Македонци и нивниот јазик.- Според нашите најнови сознанија, системот на пишување што го користеле канадските Ескими и некои северноамерикански индијански племиња, на пример, е истиот систем на пишување што го сретнавме на Каменот од Розета. За постоењето и староста на античкомакедонската писменост потврда најдовме и во ископините на в иничкото кале. На еден керамички предмет, датиран околу 7.000 години п.н.е., се наоѓа текст од кој 18 знаци кореспондираат со оние од текстот на Каменот од Розета - вели Аристотел Тентов.
Подетално за истражувањата на Тентов и Бошевски на: