четврток, 3 јули 2008

КАЛАШИ


Калашите се мала (околу 3,000 до 6,000 луѓе) изолирана етничка група која живее во денешената северо-западна погранична провинција на Пакистан во регионот Хинду Kуш (35°44′09″N, 71°46′04″E). Калашите ја населуваат Долината Калаш поделена на три помали долини Рукму, Мумурет и Бири (Калашите ги именуваат и како Румбор, Бумборет и Бирир) по течението на реките Алингар, Печ, Ланда Син и Кунар, групирани во повеќе села Дрош, Свер, Калкатак, Беор, Ашурат, Јинират.
Името Калаши произлегува од зборот “кал“ и значи “Каливи“ или “луѓе кои живеат во кал“. Калашите кај соседите се познати под името “Кафири“. Народите со исламска вера кои живеат околу Калашите ги именуваат со тоа име, што во превод значи безбожници или неверници (на турски, “Каури“ ако ве асоцира на нешто?) поради нивното повеќе божство (политеизмот).
Потеклото на Калшите е енигма изгубена помеѓу легендите и историјата. Она што ја прави оваа етничка група уникатна, единствена и несвојствена за целиот овој поширок регион е пред се физичкиот изглед на Калашите (посветлиот тен на кожата, светлите, плави очи и светлата плава коса), старите пагански верувања, ритуали и богови, јазикот наречен Khalasha (форма на Индо-Европски јазик, различен од оние кои се говорат во околината), богатата култура и традиција, еповите, љубовните песни и идиомите кои демонстрираат во голема мера автентична мудрост и човечко искуство. Но најинтересно од се е нивното тврдење дека се директни потомци од војската на Александар Македонски (тие го викаат Александар Маќедон, Маќедониа) кој во својот освојувачки поход кон Индија 327 год. пред нашата ера, поминал и на оваа теритротија (според Плутарх и Аријан, Македонската војска стиганла до “Ниса“, денешен Кафиристан – територијата на Калшите) и на стратешките места основал населби и војнички стражарници (пунктови). Според старата легендата која се раскажувала меѓу Калашите со генерации наназад, Александар Македонски оставил дел од своите трупи во појасот на денешната долина Калаш со аманет да ја чуваат територијата до неговото повторно враќање од походот кон исток (битките во Индија) притоа да не ја менуваат својата култура, традиција и верувања. Калашите според многу денешни етнолози и историчари токму тоа и го сториле. Повеќе од 22 века, се до денес го зачувале својот стар архаичен начин на живот.
Калашите се политеисти кои веруваат во 12 богови и божици, и “Дзео“ богот креатор (“Ѕео“ или “Ѕе“ збор кој исто така на јазикот на Калашите означува и светлина, зрак). Она што е посебно интересно во врска со Калашкиот бог “Дзео“ (“Ѕе“) е поклопувањето со етимолошкото потекло на името на античкиот врховен бог “Зевс“(“Ѕевс“). Збор чиј корен повеќе лингвисти од земјава и од странство го пронаоѓеаат во Македонскиот јазик и го поврзуваат со зборот “Ѕе“(на пример, на малите деца кај нас им се вика “ѕе“ во смисол на “те гледам“, “види“) , кој и ден денес го има истото значење на “гледа“, “ѕирка“, “светлина“,(сончев) “зрак“.
Храмовите и специјалните ритуални места имаат посебно место и почит во секојдневниот живот на Калашите. Малош се викат местата кои се наоѓаат на периферијата од селата а на кои Калашите принесуваат жртва на боговите. Светите места (храмовите) каде Калашите ги одржуваат најважните ритуали поврзани со раѓањето, смртта и фестивалите, се нарекуваат Јастакан а се во форма на големи правоаголни простории декорирани со бисти со ликови на богови, скулптури и фигури на животни. Башали се нарекуваат специјалните живеалишта (куќи) во кои се испраќаат жените да живеат самнички (одделен) живот, за време на месечниот менструален циклус или за време на нивната бременоста. Периоди во кои Калашите веруваат дека жените треба да бидат сами без присуство на мажи за да се прочистат од злото. Овие куќи се сместни надвор од селата, веднаш покрај реките. Калашките гробишта се викаат Мадокјал а ритуалот на погребување се состои во ставање на телото на починтиот во дрвани сандак кој потоа се остава на камена плоча која го означува местото на починатиот, под отворено небо, без да се закопува. Овој обичај на погребување на мртвите има интересно поклопување со раскажувањето на Калашите и историските факти за кои говорат античките историчари. Имено, кога Александар Македонски поминал низ територијата на Калашите наишол на чудни дрвени кутии кои неговата војска ги употребила за огревно дрво. Тие дрвени кутии биле токму погребалните сандаци на Калашите кои тие и денденес ги употребуваат во погребните ритуали.Чарсу се викаат местата каде се собираат младите брачни двојки каде преку песна и танц (игра) ја прославуваат својата љубов.
Религијата на Калашите (оние кои не се преобратиле во исламот) се темели на митови и суеверија кои се поврзани со односот на човековата душа и универзумот и неизбежниот култ кон сонцето. Овој однос според Калашката митологија треба е да се манифестира преку музиката и танцот (играта) со кои се оддава почит и се задоволуваат боговите и божиците. На нивните фестивали музиката и танцот (пеењето и играњето) се изведуваат не од забава, туку како дел од религиозниот ритуал.
Калашите се неверојатно либерални во своите манири, за разлика од народите кои им се соседи. Така кај нив сосема е нормално и вообичаено да се пие вино, да се организираат селски гозби, да се одржуваат фестивали на танци (ора), слободно да се бира брачниот партнер (жените можат слободно да го одбираат својот маж), како и да се менува истиот во текот на животот.За разлика од нивните соседи Калашите не седат на земја туку во своите куќи користат маси и столови кои најчесто имаат на нив декорации со Македонското сонце како симбол кој често се користи и наоѓа во нивната култура..
Калашите имаат четири главни фестивали (ритуални манифестации) кои ги симбилизираат и одбележуваат годишните сезонски промени и позначајните моменти поврзани со обработката на земјата и одгледувањето на добиток. Четирите најзначајни фестивали на Калашите се “Јоши“ или “Чилимушт“; “Учал“; “Поо“ и “Чамас“ или “Читирмас“.
  • “Јоши“ или “Чилимушт“ е пролетниот фестивал кој се одржува секоја година од 13 до 16 Мај а со кој Калшите бараат благослов од боговите и божиците за сигурноста на стадата добиток и за богат род на посадените култури. За време на овој пролетен ритуал, се берат цвеќиња, се организираат игранки и се врши традиционална размена на млечни производи помеѓу домаќинствата на Калашите.

  • “Учал“ е летниот фестивал со кој се пречекува летната сезона и се слави со играње, пеење и голема гозба на која се дели вишокот од млечни производи а која трае 2 дена, од 18 до 21 Август. Славењето се одвива на летните пасишта и во полињата за да се научат младите на жетвата и бербата но и за да се одбележи нивниот почеток.

  • “По“ или “Пох“ или есенскиот фестивал се слави и е во чест на зреењето и бербата на грозјето и другото овошје (оревите), па затоа времето на одржување се повезува со времето на нивното зреење, околу средината на Октомври, секоја година. Пред овој фестивал, Калашите воопшто не го берат грозјето поради верувањето дека треба за тоа прво да добијат дозвола од богот на грозјето и виното. Исто така се одбележува и враќањето на стоката од летните пасишта.

  • “Чамас“ или “Четирмас“ се одржува помеѓу 8 и 21 Декември и претставува најважната ритуална манифестација со која се завршува сезоната и се прославуа и поздравува изгревањето на новото сонце. Ова е најбогат и најдолг фестивал за кој со многу помпа Калашите се подготвуваат. Така тие во пресрет на фестивалот припремаат нова облека (нови носии) за сите членови на фамилијата со што се верува дека со нова подобра среќа секој од нив ќе влезе во следната сезона (година) и со новата носија достојно ќе оддаде почит на изгревањето на “новото сонце“.


Покрај овие четири главни сезонски фестивали, Калашите имаат и повеќе други помали или споредни ритуални настани и обичаи: “Мрачиваки Јоши“, “Рот Нот“ или “Рат Нат“, “Учај“, “Печијаш“, “Бирамор“, “Сараик“, “Будалак“ и др.

  • “Рот Нот“ или “Рат Нат“, еден од споредните фестивали претставува традиционално собирање на младите девојки и момчиња на посебно место наречено “Брун“ или “Кракал“, каде тие преку песната и играта се обидуваат да си најдат партнери и да формираат љубовни парови. Овој обичај се повторува секој ден во период од два месеца (од 21 Јуни до 21 Август) се до почетокот на летниот фестивал “Учал“.

Промената на сезоните и времето за ритуалните манифестации исто како и во пра-историјата и антиката го утврдуваат спрема движењето на сонцето (сончевиот календар) преку блиското набљудување на читачите на небото (астрономите) кои имаат значајно место во Калашката митологија. Така, Клашките набљудувачи на небото на почетокот од секоја година, на 21 Декември, кога според нивната митологија и старо верување, се раѓа новото сонце, внимателно ги следат сончевите движења и промени. Овој сончев ритуал се сведува на нивното верување дека времето и начинот (стилот) на изгревањето на “новото сонце“ на овој ден значајно ќе влијае и ќе ги предодреди флората и фауната на земјата во следната година.
Поради големиот туристички интерес за зачуваната прастара култура на Калашите и напливот на туристи од целиот свет во долината на Калашите, на оваа кревка и уникатна култура и претстои опасност од губење на основните белези и потпаѓање под начинот на живот кој го наметнува западната технолошки напредна но културно сиромашна цивилизација. Она што никој со векови наназад не успеал да го асимилира и избрише како обележје на Калашите, денес постои голема опасност да го стори токму туризмот. Еве неколку изјави од Калашите:

  • "In the past we used to learn from elders and have no written history or learning," says Luke Rehmat - "We want to preserve our culture, but it is also very necessary to get a good education for all, including women."

  • “Tourists and aid workers pose another threat. The number of British visitors has dramatically increased since the Kalash featured last year on Michael Palin`s television series Himalaya“, according to Siraj ul-Mulk, a leading member of the community in nearby Chitral.

Но покрај туризмот тука е и опасноста од агресивната и подла политика на нашиот јужен сосед. Грција се обидува на сите начини да докаже па дури и по цена на претопување на Калашите во Грци. Но на овие обиди на Грчката влада и грчките невладини организации кои во “спасувачка“ мисија се присутни веќе со години меѓу Калашите наидуваат на отворен отпор од месното население кое сепак тврдокорно си се држи до своите прастари обичаи, имиња и говор. Грчката влада дури има финансирано и изградба на голема мултифункционална зграда во насока на ширење на грчкото влијание помеѓу Калшите и нивна тивка асимилација. Градбата е несвојствена за архитектурата на Калашите и изгледот на нивните села. Ваквата подла политика на Грчката влада е прочитана од дела од водачите на Клашите:

  • “They are building in a Greek way but I think thats not fair. They should build schools like Kalash way“ complains one of the Kalash leaders.

  • “The centre, which aims to provide everything from schooling to surgery, has reignited debate about how best to save the Kalash way of life. Some community leaders feel the Greek initiative is good-hearted, but wrong-headed. I dont blame them for wanting to help, but that help could damage us“, said Saifullah Jan in Rumbur valley. “There is too much interference. Our people are getting spoilt. They should just let us be.“

  • “Other visitors, like the Greeks, come offering development aid. But such projects have a mixed track record. Too much money, too fast, takes away the communitys responsibility to help itself. Now if the temple is broken, people just wait for it to be fixed instead of doing it themselves.“ said Akiko Wada, a Japanese woman who married a Kalash.

Нема коментари: